а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пули

пулат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Гледа во некого или нешто.
Англиски: gaze Албански: ngul sytë
Употреба: Дијалектен збор
2. Пролетно разлистување на шумата.
Албански: gjethon, lulëzon
Употреба: Ботаника , Дијалектен збор
Примери:
Гората пули.
3. (се пули) Гледа, се загледува во некого или нешто.
Англиски: gaze Албански: shikon, ngul sytë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Што се пулиш така во човекот?
Невестата само се пули.
Изрази
Пули риба, макај кромид - кога нема доволно за јадење, мора да се задоволиме и со послабото јадење.
Кога лажеш, кај се пулиш? - се вели на некој што очигледно лаже.
Му се пулам на умот - му се чудам на постапката, како може така да постапи кога очигледно греши.
Се пули како мачка на риба - желбата за нешто му се гледа од очите.
Изведенки
пулење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи