а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

птица

мн. птици
Вид збор: Именка, женски род
1. ’Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета.
Латински: Aves Англиски: bird Албански: shpend
Употреба: Зоологија
Примери:
јато птици
песнопојна птица
птица грабливка
2. Човек со лоши особини, што се прави важен поради својата положба.
Англиски: bird Албански: njeri me veti të këqia, shpend
Употреба: Иронично , Преносно значење
Изрази
Грабливи птици - птици што се хранат со помали птици, стрвина и риби.
Преселна птица - птица што зимскиот период го поминува во јужните краеви.
(прен.) Преселна птица - човек што често го менува местото на живеење.
Ноќна птица - птица што лови ноќе.
(прен.) Ноќна птица - човек што води ноќен живот.
Рајска птица - фамилија птици со прекрасни бои на пердувите.
Железна птица - авион.
Ретка птица - нешто што многу ретко се среќава во животот и во природата.
Живее (е) како птица на гранка - живее безгрижно.
Живее (е) како птица на гранка - живее непостојано, од едно место на друго.
Изведенки
1. птиче ср.
мн. птичиња
2. птиченце ср.
мн. птиченца
3. птичка ср.
мн. птички
дем. и хип.
4. птичиште ср.
мн. птичишта
FlexiMac
 менување на македонски глаголи