а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проѕирен

проѕирни
Вид збор: Придавка
1. Низ кој лесно продира светлина.
Англиски: transparent
Примери:
Проѕирна маица.
Проѕирни панталони.
2. Што е тенок, нежен.
Англиски: tender
Примери:
Проѕирна хартија.
Кожата ѝ беше бела, дури проѕирна.
3. Што е ведар, чист, јасен.
Англиски: clear
Примери:
Проѕирно небо.
Проѕирна ноќ.
4. Што е лесно разбирлив, очигледен, што лесно се разоткрива.
Англиски: obvious
Примери:
Проѕирна намера.
Неговата дискусија беше проѕирна.
Изведенки
проѕирно прил.
Пример: Се однесуваше проѕирно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи