а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проѕира

проѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Гледа низ тесен отвор.
Англиски: peep Албански: shikoj vjedhurazi, pipëtij
Примери:
Детето проѕираше низ клучалката.
2. Насетува, почнува да сфаќа, да проникнува во нештата.
Англиски: sense Албански: kuptpoj, ndjej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги проѕираше неговите мисли.
3. (се проѕира) Се гледа низ тесен отвор.
Англиски: see through Албански: shihet
Примери:
Под вратата се проѕираше светлина.
4. (се проѕира) е провиден, проѕирен
Англиски: see through Албански: shihet
Примери:
Кошулата се проѕираше.
Изведенки
проѕирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи