а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прочуе

(се) прочујат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане многу познат со квалитет, особено својство.
Англиски: become famous Албански: bëhet i famshëm
Примери:
Квалитетот на кашкавалот се прочу низ цела Европа.
Неговата храброст веднаш се прочу во околните села.
Девојката се прочу по својата убавина низ целото маало.
2. Стане општо познато, настан, случка.
Англиски: become famous Албански: ndëgjoj, përhap
Примери:
Добриот глас се прочу надалеку.
Настанот се прочу низ целото село.
Срамот се прочу во двете села.
3. Стане општо познато.
Англиски: become famous Албански: përhap
Употреба: Безлично
Примери:
Се прочу дека таа ќе биде директорка во фирмата.
Се прочу дека тој дал оставка.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи