а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прочисти

прочистат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Отстрани нечистотија, исчисти нешто низ, во внатрешноста.
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Дождот го прочисти воздухот.
Стариот му ја прочисти раната.
2. Ослободи од гревови или од вина.
Англиски: absolve Албански: liroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Престојот на планина духовно го прочисти.
3. испразни, исчисти
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Го прочисти носот секнејќи го во шамивчето.
4. Исчисти текст од грешки.
Англиски: clean Албански: korigjon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го прочисти текстот од правописни грешки.
5. (се прочисти) Се исчисти од нечистотија.
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Воздухот се прочисти по пролетните дождови.
Поточето се прочисти течејќи низ песокта.
6. (се прочисти) (се) испразни, (се) исчисти
Англиски: detoxicate Албански: pastroj
Примери:
По труењето со храна, се прочисти.
Изведенки
1. прочистува несв.
(се) прочистуваат
2. прочистување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи