а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

профил

мн. профили
Вид збор: Именка, машки род
1. Изглед на лице или на предмет гледани отстрана.
Англиски: profile Албански: profil
Употреба: Ликовна уметност
2. Слика или цртеж цртани отстрана.
Англиски: profile Албански: profil
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Уметникот сликаше извонредни профили.
3. Вертикален пресек на предмет, месност, зграда, објект.
Англиски: cross-section Албански: profil, prerje vertikale
4. Збир од основни типични црти на некоја стопанска гранка, професија, специјалност и сл.
Англиски: profile Албански: profil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Профилот на списанието го дефиниравме на последниот состанок на Редакцијата.
Профил на наставник по странски јазик.
Колебливи лидери од неговиот профил.
5. Краток преглед на нечиј карактер, живот или кариера.
Англиски: profile Албански: profil
Примери:
Профилот на уметникот го претстави неговиот пријател и долгогодишен соработник.
6. Назив за метални изработки; лимови, шини и др.
Англиски: profile Албански: profil
Употреба: Технологија
Примери:
Фабриката изработува метални профили.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи