а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протурка

протуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Истурка малку, премести со туркање како на сила.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Протурка писмо под вратата.
Едвај го протуркавме креветот низ вратата.
2. Успее да постигне нешто сосила, со голема упорност и настојување.
Англиски: succeed Албански: shtyj, arrij sukses
Примери:
Тој сепак го протурка својот план.
3. Проживее извесен период со мака и тешкотии.
Англиски: live through Албански: shtyj, mbetem gjallë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој протурка две години во печалба и се врати дома.
4. (се протурка) Со туркање се приближи, дојде до некое место.
Англиски: shove Албански: shtyj
Примери:
Слепецот се протурка низ народот.
Изведенки
протуркува несв.
(се) протуркуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи