а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протури

протурат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се здобие со повреда.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj
Употреба: Медицина
Примери:
Стопанот го протури коњот товарајќи го премногу.
2. За конец, вретено, клопче - растури, замрси.
Албански: shpërndaj
Примери:
Децата ми го протуриле клопчево.
3. (се протури) Се здобие со повреда - се искилави.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj
Примери:
Тој се протурил од кревање тешко уште во младоста.
Коњот се протури од тежина.
4. (се протури) За овошка кога родила многу.
Англиски: overbear Албански: mposht
Примери:
Кајсијата се протури оваа година.
5. (се протури) Претера во јадење, се прејаде.
Албански: teproj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето се протури од питата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи