а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протокол

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Книга во која се бележи пристигнатата пошта, молби, жалби, претставки и сл.
Англиски: protocol Албански: protokol
Употреба: Административен термин
2. Записник од дипломатска конференција со акти донесени на неа.
Англиски: protocol Албански: protokol
Употреба: Дипломатија
3. Правила на церемонијалот во дипломатските односи.
Англиски: protocol Албански: protokol
Употреба: Дипломатија
4. Одделение што се занимава со правилата за однесување на државно ниво.
Англиски: protocol Албански: protokol
Употреба: Дипломатија
5. Вообичаена постапка, установен ред, обичај.
Англиски: practice Албански: praktikë
Употреба: Разговорно
FlexiMac
 менување на македонски глаголи