а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

против

Вид збор: Предлог
1. При искажување негативен, непријателски однос, отпор кон некого или нешто.
Англиски: against Албански: kundër
Примери:
Декларација против расната дискриминација.
Мерки против сиромаштијата.
Судски процес против бившото раководство на фабриката.
Борба против окупаторот.
2. При изразување несогласување со нешто (постапка, мислење, став, решение, желба).
Англиски: against
Примери:
Повеќето присутни се искажаа против неговиот предлог.
Мнозинството гласаше против предложениот кандидат.
Бев присилен да постапам против својата волја.
3. При именување средство или дејство за отстранување, спречување на некоја несакана појава.
Англиски: against
Примери:
Лек против покачен крвен притисок.
Прашок против мрави.
Спреј против комарци.
Прскање на овошките против штетници.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи