а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протера

протераат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изгони, прогони од некаде.
Англиски: expel Албански: dëboj
Примери:
Новата власт протера некои видни научници од земјата.
Комисијата постојано протерува некого од Домот.
2. Мине некаков дел од животот.
Англиски: spend Албански: kaloj
Примери:
Тој некако сиромашно го протера животот.
Јас ја протерав младоста во страдање.
3. (ме, те го ... протера) Добие дијареја.
Албански: zë diarre
Употреба: Разговорно
Примери:
Го протера од многу јадење цреши.
Изведенки
1. протерува несв.
протеруваат
Пример: Го протеруваат како непожелна личност.
2. протерување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи