а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

простре

прострат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Рашири за да покрие поголем простор.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Простре слама по подот и сите исполегнаа.
Го простре килимчето наземи.
2. Обеси, рашири алишта за да се сушат.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Ги простре алиштата на жиците во дворот да се сушат.
3. Протегне нешто нашироко да опфати што поголема површина.
Англиски: extend Албански: zgjat
Примери:
Лозницата ги прострела своите ластари низ целиот двор.
4. Со удар направи некој да се протегне на некоја површина.
Англиски: knock down Албански: hedh në tokë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го прострел наземи колку што е долг и широк.
5. (се простре) Се протега на некоја површина.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
По реката се прострела густа магла.
6. (се простре) Легне, падне спружен.
Англиски: fall down Албански: shtrihet
Примери:
Се прострел на подот колку што е голем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи