а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прослави

прослават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Свечено одбележи важен настан, одржи свеченост по некој повод.
Англиски: celebrate Албански: kremtoj, festoj
Примери:
Тој го прослави именденот во една мала кафеана.
Празникот го прослави скромно.
2. Направи да стане славен, прочуен.
Англиски: make famous Албански: bëhem i famshëm
Примери:
Последниот роман го прослави насекаде.
Тој го прослави својот роден крај.
3. (се прослави) Стане славен, прочуен.
Англиски: become famous Албански: përlëvdoj
Примери:
Тој се прослави низ целиот свет со својот генијален изум.
Тој се прослави како сликар.
4. (се прослави) Стане познат по лошо; се посрамоти.
Англиски: shame Албански: i famshëm nga turpi
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Честите тепачки го прославија.
Се прослави со празни ветувања.
Изведенки
1. прославува несв.
(се) прославуваат
2. прославување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи