а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

просентенција

мн. просентенции
Вид збор: Именка, женски род
1. Термин што означува службен збор или фраза што заменува цела реченица (или повеќе реченици) и што сам по себе не би имал значење доколку не го добие од контекстот во кој се наоѓа, најчесто нешто претходно кажано и се јавува на почеток од реченицата.
Англиски: pro-sentence
Употреба: Лингвистика
Примери:
Дали уште ти се јаде бурек? – Да (уште ми се јаде бурек), но не е важно.
Сакаш ли да одиме вечер во кино? – Не (не сакам да одиме вечер во кино).
Ќе правиме ли торта? – Ок (ќе правиме торта).
2. Како просентенција можат да се јават и заменките „ова“, „она“ и „тоа“.
Англиски: pro-sentence
Употреба: Лингвистика
Примери:
Ова е фактот (што го пишува претходно) што докажува дека лавовите, во основа, се мирни животни.
Тоа е човекот (за кој ти зборував вчера).
Изведенки
просентенцијален прид.
просентенцијалниот
што се однесува на просентенција
Пример: просентенцијална теорија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи