а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пропушти

пропуштат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пушти некого да влезе, да помине.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Стражата го пропушти да влезе.
Овчарите ги пропуштија овците низ страгата на молзење.
2. Изостане од нешто, не искористи нешто, некоја можност.
Англиски: miss Албански: humb
Примери:
Ги пропушти најновите вести.
Оваа година тој го пропушти одморот.
Тој ја пропушти премиерната изведба.
Студентот ја пропушти сесијата.
3. Стори, направи пропуст.
Англиски: miss Албански: kaloj
Примери:
Пропуштил да се потпише.
Пропуштив да ти кажам за неговото доаѓање.
4. Не стигне навреме.
Англиски: miss Албански: vonoj
Примери:
Го пропушти автобусот.
Го пропушти рокот за завршување на книгата.
5. Не забележи, направи превид.
Англиски: miss Албански: humb
Примери:
Таа препуштила важна библиографска единица.
6. Испушти, прескокне редови или зборови.
Англиски: skip
Примери:
Пропушти неколку реченици од писмото, не сакаше да ја вознемирува мајка си.
Професорот ги пропушти првите три реда и почна да ги чита.
7. Остави да проникне, да навлезе; не држи, пушти вода, течност.
Англиски: let
Примери:
Чевлите му пропуштија уште на првиот дожд.
Бротчето пропушти вода од сите страни.
8. Остави да проникне, да навлезе; излезе, се рашири светлина, топлина и сл.
Англиски: let
Примери:
Спушти ја ролетната, ќе пропушти светлина колку да не мора да се пали светло.
Нивните прозорци досега не пропуштија ниту топлина ниту звук.
9. (се пропушти) Почне да виси, да се пробесува.
Англиски: hang
Примери:
Им се пропуштиле гушките како торби.
Изведенки
1. пропушта несв.
пропуштаат
2. пропуштање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи