а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пропее

пропеат; пропеј, пропејте; пропеав, пропеаја; пропеал; пропеан; (ќе) пропеев, (ќе) пропееја; (ќе) пропеел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15267
1. Почне да пее за првпат или по определен прекин.
Англиски: sing Албански: fillon të këndon
Примери:
Имаше дарба за музика, на тригодишна возраст пропеа.
2. За поет - почне да пишува стихови.
Англиски: write poetry Албански: shkruan poezi
Примери:
Тој пропеа со љубовна поезија.
3. За петел - почне да кукурига.
Англиски: crow Албански: kukurisë
Примери:
Се зазори, пропеаја и вторите петли.
4. Почне да признава (во полиција); предаде некого, разоткрие нешто.
Англиски: admit Албански: pranon
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Пропеал по првиот шамар.
Изведенки
1. пропева несв.
пропеваат
2. пропевање ср.
глаг. им.
3. пропејува несв.
пропејуваат
4. пропејување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК