а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пропее

пропеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да пее за првпат или по определен прекин.
Англиски: sing Албански: fillon të këndon
Примери:
Имаше дарба за музика, на тригодишна возраст пропеа.
2. За поет - почне да пишува стихови.
Англиски: write poetry Албански: shkruan poezi
Примери:
Тој пропеа со љубовна поезија.
3. За петел - почне да кукурига.
Англиски: crow Албански: kukurisë
Примери:
Се зазори, пропеаја и вторите петли.
4. Почне да признава (во полиција); предаде некого, разоткрие нешто.
Англиски: admit Албански: pranon
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Пропеал по првиот шамар.
Изведенки
1. пропева несв.
пропеваат
2. пропевање ср.
глаг. им.
3. пропејува несв.
пропејуваат
4. пропејување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи