а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

промена

мн. промени
Вид збор: Именка, женски род
1. Менување нешто во поинакво.
Англиски: change Албански: ndryshim
Примери:
Се чувствува голема промена.
промена на правецот на ветерот
промена на здравствената состојба
политички промени
2. Заменување, сменување на едно со друго.
Англиски: exchange Албански: shkëmbim
Примери:
Промена на маслото во автомобилот.
3. Морфолошка промена на менливите зборови.
Англиски: inflection Албански: lakim
Употреба: Граматика
Примери:
именска промена
глаголска промена
4. нов фустан, нов костум
Англиски: dress Албански: fustan
Примери:
Девојката беше во бела промена.
свадбена промена
празнична промена
5. преслека
Англиски: underwear Албански: të brendshme
FlexiMac
 менување на македонски глаголи