а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прозборува

мн. прозборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да зборува (по молчење).
Англиски: talk Албански: flet
Примери:
Ги отвори очите и тивко прозборува.
Се погледнаа в очи, но не прозборуваа.
2. За дете - почне да зборува.
Англиски: speak Албански: filloi të flas
Примери:
Девојчето многу рано прозборува.
3. Каже, рече, изусти, проговори нешто.
Англиски: say Албански: tha
Примери:
Во лутината прозборува тивко колку за себеси.
4. Проговори, каже, признае под принуда.
Англиски: talk Албански: tregoj
Примери:
Осомничениот по два дена прозборува.
5. (се прозборува) Почне да се зборува.
Англиски: talk Албански: filloi të flas
Примери:
Се прозборува сешто за неа во маалото, но таа се правеше дека не слуша.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи