а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проект

мн. проекти
Вид збор: Именка, машки род
1. Разработен план за остварување некоја задача.
Англиски: project Албански: projekt
Примери:
Проектот за зградата е готов.
2. Претходен текст на некој документ.
Англиски: project Албански: projekt
Примери:
Проектот на новиот статус.
3. концепт, скица
Англиски: concept Албански: koncept
Примери:
Најпрвин треба да се изработи проект, а дури потоа треба да се разработат деталите.
4. Замисла што се остварува според план со определен рок, опсег, опис на содржината и организацијата на работата.
Англиски: project Албански: punim
Примери:
Научен проект.
Индивидуален истражувачки проект.
Изведенки
проектен прид.
проектниот
Пример: проектен план
FlexiMac
 менување на македонски глаголи