а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

продолжение

мн. продолженија
Вид збор: Именка, среден род
1. Продолжување на прекинат процес, на нешто што уште трае, што не е доведено до крај (седница, конференција, приредба)
Англиски: continuation Албански: vazhdim
Примери:
Продолжението од седницата се одлага за утре.
2. Дел што следува од нешто започнато а не претставено во целост (филм, роман, статија, телевизиска серија)
Англиски: continuation Албански: vazhdim
Примери:
Продолжението на филмот ќе го гледате по вестите.
3. Продолжување на натпревар поради постигнат нерешен резултат во регуларното време или поради прекин во текот на играта.
Англиски: continuation Албански: vazhdim
Употреба: Спорт
Примери:
Во продолжението домашната екипа победи на пенали.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи