а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

програма

мн. програми
Вид збор: Именка, женски род
1. План и цел на работа што претстои и што треба да се изврши во некоја дејност.
Англиски: programme Албански: program
Примери:
Договорената програма потполно се реализира.
Програмата за оваа година е повеќе од амбициозна.
2. Основна содржина и цели на дејноста на политичка партија, општествена организација, на влада, орган на државната власт.
Англиски: programme
Употреба: Политика
Примери:
политичка програма
Програмата на партијата ги опфаќа сите сфери на современото живеење.
3. Краток преглед на содржините и целите на наставен предмет.
Англиски: curriculum
Употреба: Образование
Примери:
Наставна програма.
Програма по географија.
4. Распоред по кој ќе се изведуваат точките на приредба, концерт, манифестација итн.
Англиски: schedule
5. Преглед, попис на емисиите на радио и телевизија.
Англиски: programme
Примери:
Според програмата предвидено е да настапат познати уметници.
6. Радио или телевизиска емисија на определена фреквенција.
Англиски: programme
Примери:
Радио Скопје, прва програма.
Преносот на натпреварот ќе можете да го следите на втората програма.
7. Упатства на компјутерот за извршување определени операции.
Англиски: program
Употреба: Информатика
FlexiMac
 менување на македонски глаголи