а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прогледа

прогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да гледа по раѓање.
Англиски: see through Албански: shikoj
Примери:
Мачињата веќе прогледале.
2. Почне пак да гледа, се врати видот некому.
Англиски: see Албански: shikoj
Примери:
По операцијата на очите прогледал.
3. Почне да сфаќа, да ги разбира работите.
Англиски: realize Албански: kupton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Конечно прогледа и виде со кого си има работа.
4. Се просвети, добие определено знаење.
Англиски: enlighten Албански: arsimoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако ги прочита тие книги, му се чинеше дека прогледа.
5. Почне убаво да живее.
Албански: filloi një jetë të bukur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако замина од дома, животот ѝ се смени, прогледа.
Изведенки
1. прогледува несв.
прогледуваат
2. прогледување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи