а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

провре

проврат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Провлече низ тесен отвор.
Англиски: squeeze through Албански: depërtoj
Примери:
Детето ја провре главата меѓу решетките.
2. За конец - вдене во игла.
Англиски: squeeze through Албански: depërton, shtin, fut
Примери:
Не гледаше без очила, не можеше да го провре конецот.
3. (се провре) Се провлече низ тесен отвор; низ луѓе.
Англиски: squeeze through Албански: shpërvillem
Примери:
Успеа да се провре низ толпата.
Таа трчаше и одеднаш се провре низ густата шума.
4. (се провре) Со тешкотии успее нешто да направи.
Англиски: barely make Албански: depërtoj me vështërsi
Употреба: Разговорно
Примери:
Се провре во средното училиште и некако заврши.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи