а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проветри

проветрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Прочисти воздух во просторија.
Англиски: ventilate Албански: ajros
Примери:
Таа ги отвори сите прозорци и го проветри целиот стан.
Проветри ја гаражата пред да влезеш да работиш.
2. Изнесе нешто на воздух, на отворено.
Англиски: air Албански: në ajr
Примери:
Ги изнесе капутите да ги проветри.
3. Оттргне лоши мисли.
Англиски: dispel Албански: largoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Излези, проветри го мозокот.
4. (се проветри) Се прочисти воздух во просторија.
Англиски: ventilate Албански: ajros
Примери:
Прозорците беа ширум отворени, но мирисот на прегорено месо не се проветри.
5. (се проветри) Се освежи, земе воздух.
Англиски: freshen Албански: freskoj
Примери:
Се проветри, излезе на снегот.
Изведенки
1. проветрува несв.
(се) проветруваат
2. проветрување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи