а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пробие

пробијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Сo удар, со сила направи дупка, отвор, премин.
Англиски: penetrate Албански: depërtoj
Примери:
Го пробија ѕидот за да направат прозорец кон источната страна.
Низ шумата пробија пат.
2. Насилно помине низ нешто нарушувајќи ја претходната состојба.
Англиски: break through Албански: depërtoj
Примери:
Реката го проби насипот.
Куршум му ги проби градите.
3. продре, разбие
Англиски: dispel Албански: davaris
Примери:
Сончевите зраци ја пробија маглата.
Ненадејна експлозија ја проби тишината.
4. Прекине борбена линија, фронт.
Англиски: disrupt Албански: ndaloj
Примери:
Непријателот ја проби линијата на фронтот.
5. (се пробие) Со тешкотии, со мака успее да помине надминувајќи ги пречките.
Англиски: come through Албански: ja dal
Примери:
Се проби низ толпата народ и застана напред.
Се пробиja низ голем навев од снег.
Изведенки
1. пробива несв.
(се) пробиваат
2. пробивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи