а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пробив

мн. пробиви
Вид збор: Именка, машки род
1. Отвор направен со пробивање.
Англиски: break through Албански: shpuarje, çarje
Примери:
За потребите на новиот автопат направија неколку пробиви во карпите.
2. Прекинување на фронтовската линија.
Англиски: break through Албански: depërtim
Употреба: Воен термин
Примери:
Одредот успеа да направи пробив на непријателскиот обрач.
3. Појава, навлегување на определени појави, процеси и сл.
Англиски: break through Албански: depërtim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со своето дело прави пробив на нов правец во литературата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи