а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проба

пробаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Испита, испитува квалитет или големина на нешто.
Англиски: try, probe Албански: provoj
Примери:
Ги проба чевлите неколку пати, но не се реши да ги купи.
Шиеше нов фустан, па отиде кај шивачот да го проба.
2. Јаде или пие за проба, касне, каснува или пивне, пивнува за прв пат.
Англиски: taste Албански: provoj
Примери:
Тоа се специјалитети од пченкарно брашно, кои можеби сѐ уште не сте ги пробале.
Пробај го виното, домашно е.
Не јадеше морски специјалитети, па не го ни проба јадењето.
3. Се обиде, се обидува да успее во нешто, да постигне нешто во некоја работа, професија, учење итн.
Англиски: try Албански: provoj
Примери:
Пробал да вози трактор.
Проба да работи како келнер, но не му усоеа.
Изведенки
пробање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи