а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

при

Вид збор: Префикс
1. Претставка што кај глаголи означува приближување, доближување или составување, спојување.
Примери:
привлече, принесе
притрча, припие
2. Извршување дејство во мала мера, во кратко време.
Примери:
приварди, причека, причува
3. Продолжување, одново вршење на дејството, додавање, дополнување.
Примери:
принабере, притури
4. Неочекувано, ненадејно и обично краткотрајно дејство.
Примери:
привика, притропа
5. Ненадејно појавување силна неизбежна потреба на логичкиот субјект со заменските форми ми (ти, му, ...) се.
Примери:
ми се пријаде, ми се придрема
6. Претставка што кај именките означува лице или предмет што го нема наполно својството на основната именка.
Примери:
приколка, примирје
7. Претставка што кај придавките означува близина до нешто или блиско, во помала мера изразено својсто на основата.
Примери:
приглуп, припрост, пристар
FlexiMac
 менување на македонски глаголи