а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

при

Вид збор: Предлог
1. Пространствено значење - близина, наоѓање до некого или до нешто.
Примери:
Додека е мома при мајка дотогаш е бела - црвена.
При крајот на улицата се појави војник.
2. Приклученост, припадност, во состав на нешто.
Примери:
Испитувањата се вршат во Заводот за здравствена заштита при Министерството.
Хор на просветните работници при Центарот за култура.
3. Временско значење - едновременост.
Примери:
При секое влегување во визбата си пивнува од виното.
Многи млади борци загинаа при ослободувањето на градот.
4. Околности и услови во кои се врши некое дејство.
Примери:
При толку работа добивката е многу слаба.
Не знаеш како да постапиш при една таква безнадежна ситуација.
При ваков начин на организација на работата не би требало да има загуби.
5. Состојба, особина на некого или на нешто.
Примери:
Да оставам тестамент додека сум при здрав ум.
Сигурно не си при памет штом така зборуваш за синот.
6. Допусно значење - обратно од нешто вообичаено или очекувано.
Примери:
При сите усилби што ги вложи, не успеа да си го поврати имотот.
Не ми поминуваат болките во грбот и при толку вежбање и терапија.
7. Споредба со некого или со нешто.
Примери:
При ресенските јаболка, паланечките се ништо.
При толкав шарм и убавина на Елена, другите манекенки изгледаа просечно.
8. поседување, застапеност
Примери:
Ако бидам при пари, знам што да правам.
Изрази
При срце - во непосредна близина.
Изведенки
при сврз.
(при сè што) Сложен сврзник во допусни зависносложени реченици; покрај тоа што, иако.
Пример: При сè што сторив за него, тој ме измами.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи