а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пријава

мн. пријави
Вид збор: Именка, женски род
1. Известување (усно или писмено) до орган на власта за некого или за нешто.
Англиски: notification Албански: njoftim
Употреба: Административен термин
Примери:
прекршочна пријава
Полицаецот му напиша пријава за погрешно паркирање.
До Министерството поднесоа пријава за настанатата штета.
2. Образец, формулар што се исполнува со податоци за предметот на пријавување до определена установа.
Англиски: form Албански: formë
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој поднесе пријава за полагање на испитот.
3. Писмена пријава, изјава со список на стока што се дава при плаќање царина.
Англиски: declaration Албански: deklaratë
Употреба: Административен термин
4. Давање лични податоци заради пријавување привремен или траен престој.
Англиски: registration Албански: regjistrim
Употреба: Административен термин
5. Најавување учество во натпревар, конкурс, собир и сл.
Англиски: announcement Албански: njoftim
Примери:
Тие поднесоа пријава за учество на собирот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи