а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приучи

приучат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Научи некого нешто за кусо време, набрзина.
Англиски: train Албански: mësoj shpejt, përgatit
Употреба: Образование
Примери:
Ги приучивме некако новите работници да работат на новите машини.
2. Учи нешто малку или уште малку.
Англиски: learn Албански: mësoj edhe pak
Употреба: Образование
Примери:
Приучи уште малку и јави се на испит.
3. (се приучи) Свикне, се навикне учејќи.
Англиски: get used Албански: mësohem, përshtatem
Примери:
Детето е три месеци тука, веќе се приучи на нас.
Изведенки
1. приучува несв.
(се) приучуваат
2. приучување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи