а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

притули

притулат
Вид збор: Глагол, свршен
1. прикрие, скрие
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Ги притулил девојчињата во едни гранки.
2. За светлина - намали да не свети силно.
Англиски: dim Албански: errësoj
Примери:
Го притулил кандилото едвај да свети.
3. Оди тивко да не се слуша.
Албански: ecë tinza
Примери:
Ги притули чекорите.
4. Прикрие, задуши желба, чувство.
Англиски: restrain Албански: përmbaj, mposht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја притулил својата желба.
Изведенки
1. притулува несв.
притулуваат
2. притулување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи