а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

притисне

притиснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изврши притисок.
Англиски: press Албански: presion
Примери:
Тој го притисна капакот врз кацата и озгора кладе камен.
Сестрата го притисна крвниот сад и наскоро крвта престана да тече.
Притисна на ѕвончето и вратата се отвори.
2. Стисне меѓу раце, прсти и сл.
Англиски: press Албански: shtyp
Примери:
Детето го притисна балонот и тој пукна.
3. За мисли, чувства - налегне.
Англиски: press Албански: bezdis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешките мисли го притиснаа момчето.
Стравот го притисна, му тежеше и го задушуваше.
4. Потчини, завладее со сила.
Англиски: suppress Албански: ndrydh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војската по неколку дена го притисна селото.
5. (се притисне) Се припие, се стисна до нешто.
Англиски: press Албански: shtyp
Примери:
Детето се притисна до скутот на мајка си.
Изрази
Притисне до ѕид (во ќош) - доведе некого во безизлезна состојба.
Изведенки
1. притиснува несв.
(се) притиснуваат
2. притиснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи