а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пристегне

пристегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стегне посилно, малку повеќе.
Англиски: tighten Албански: shtrëngoj më tepër
Примери:
Го пристегна ременот.
Ги пристегна дисаѓите.
Си ги пристегна опинците пред да тргне од дома.
2. Заостри дисциплина, воведе построг ред.
Англиски: tighten Албански: shtërngoj, disciplinoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пристегни го синот да не тргне по лош пат.
3. (се пристегне) Се стегне каде што попуштило.
Англиски: pull together Албански: harmonizohem, shtërngohem
Примери:
Се пристегна со ременот.
4. (се пристегне) Заостри самодисциплина, самоконтрола.
Англиски: pull together Албански: shtërngohem, vetdisciplinohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се пристегна и го заврши факултетот навреме.
Изведенки
1. пристегнува несв.
(се) пристегнуваат
2. пристегнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи