а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пристапи

пристапат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пријде, се доближи до некого.
Англиски: approach Албански: afroj
Примери:
Полицаецот му пристапи на вујко ми и му подвикна остро.
2. Стапи, се присоедини кон некоја организација, стане член.
Англиски: join Албански: aderoj
Примери:
Тој пристапи кон новата партија.
Таа му пристапи на ова ново движење наречено Панк.
3. Почне да прави нешто.
Англиски: start Албански: filloj, startoj
Примери:
Владата пристапи кон реализација на новиот проект.
Претседателот пристапи кон излагањето на новиот закон за приватизација.
Изведенки
1. пристапува несв.
пристапуваат
2. пристапување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи