а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

присоедини

присоединат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Додаде нешто кон друго поголемо, влезе во состав на некоја целост, приспои.
Англиски: join Албански: bashkangjes
Примери:
Неколку села од таа територија ги присоединија кон новоформираната општина.
2. (се присоедини) Се придружи кон некого.
Англиски: join Албански: bashkangjes
Примери:
Таа бригада се присоедини со другите.
Кон нас се присоединија уште две групи илегалци.
3. (се присоедини) Се придружи, прифати, се согласи си став, предлог, мислење и сл.
Англиски: join Албански: bashkangjes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се присоединивме кон нивниот предлог.
Изведенки
1. присоединува несв.
присоединуваат
2. присоединување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи