а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

присобере

присоберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Собере материјал, податоци уште малку или доволно.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Присобра уште некоја информација.
Студентот присобра материјал од теренските истражувања.
2. Собере, набере плод, род што останал за собирање.
Англиски: pick Албански: mbledh
Примери:
Денес ќе го присоберат грозјето.
3. Набере нешто уште малку.
Англиски: pick Албански: mbledh
Примери:
Ќе присобере уште еден товар дрва од сувите овошки.
Тој отиде да присобере уште некоја шумска јагода за внуците.
4. Собере пари, заштеди уште малку или доволно.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Тие присобраа пари да си купат куќа.
5. Собере, стави нешто на едно место.
Англиски: pick Албански: mbledh
Примери:
Ги присобра ситните парчиња кашкавал во чинија.
Ќе ги присоберам моите работи за одмор во куферот.
6. (се присобере) се соземе, се успокои
Англиски: compose Албански: përmban
Употреба: Преносно значење
Примери:
За студентот беше неочекувано тоа прашање, веднаш потоа тој се присобра и спокојно одговори.
7. (се присобере) Се собере, се смести во тесен простор.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Луѓето се присобраа купче под настрешниците да не ги наводени дождот.
Изведенки
1. присоберува несв.
(се) присоберуваат
2. присоберување ср.
глаг. им.
3. (се) присобира несв.
(се) присобираат
4. присобирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи