а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

принуди

принудат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Натера некого на нешто, присили.
Англиски: force Албански: detyroj
Примери:
Го принуди да му го вратат долгот.
Поголем дел од потрошувачите не ќе можат да го поднесат зголемениот трошок за греење и ќе бидат принудени да се исклучуваат.
По земјотресот луѓето биле принудени да се евакуираат.
2. (се принуди) Се натера на нешто, се присили.
Англиски: force Албански: detyroj
Примери:
Одвај се принуди да стане.
Изведенки
1. принудува несв.
(се) принудуваат
2. принудување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи