а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пример

мн. примери
Вид збор: Именка, машки род
1. Дејство, појава, постапка и сл. што се смета достојно за поддржување, за следење, што може да послужи како образец.
Англиски: example Албански: shembull
Примери:
Тој беше дете за пример.
Тргнаа по мојот пример.
2. Определен случај што се приведува за објаснување, за докажување на нешто.
Англиски: instance
Примери:
Примериве убаво ја потврдија уводната констатација.
Ова ќе го поткрепиме со повече илустративни примери.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи