а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

примат

мн. примати
Вид збор: Именка, машки род
1. (само едн.) Првенство, прво место во ранг, првенствено значење.
Англиски: primacy Албански: parësi, primat
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ваквата ориентација му го врати приматот на фестивалот како најдобра музичка манифестација.
Романот во последните децении упорно настојува да го добие приматот во нашата литература.
2. (обично мн.) Највисок род на цицачи - човек, мајмуни и полумајмуни.
Англиски: primates Албански: primat
Употреба: Зоологија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи