а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прилог

мн. прилози
Вид збор: Именка, машки род
1. Тоа што се прилага, се додава кон нешто.
Англиски: supplement Албански: plotësim, shtesë
Употреба: Административен термин
Примери:
Четвртиот дел претставува библиографски прилог кон изданијата.
Со петочното издание на весникот, редовно излегува и прилогот со телевизиската програма.
2. Напис во кој се соопштува за нешто непознато или се разгледува некое прашање од областа на културата.
Англиски: contribution Албански: plotësim, aneks
Примери:
Во првиот број од списанието се објавени пет прилога.
Научни прилози.
3. Помош, дар, принос во пари и сл. што обично се дава во хуманитарни цели.
Англиски: donation Албански: donacion, kontribut
Примери:
Средствата се обезбедени преку собирање доброволни прилози.
4. Принос, придонес кон / во нешто.
Англиски: contribution Албански: kontribut
Примери:
На полето на естетиката тој го даде својот евидентен прилог.
Диктатот служи како прилог за унапредување на способноста за писмено изразување.
5. Придавање, дополнување, обично на службени акти.
Англиски: attachment Албански: shtojcë
Примери:
Во прилог кон молбата ви ги доставуваме следните документи.
Во прилог ви доставуваме дополнителни информации.
6. Неменлив збор што се додава кон глаголи, придавки и други прилози и служи за дополнување или поблиско определување на нивното значење.
Англиски: adverb Албански: ndajfolje
Употреба: Граматика
Примери:
Начински прилог.
Временски прилог.
Изрази
Во прилог - во корист.
(грам.) Глаголски прилог - глаголска форма со која се означува дејство што се врши едновремено со дејството изразено од личната глаголска форма во реченицата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи