а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прилепи

прилепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Спои, состави нешто со лепење.
Англиски: paste Албански: bashkoi
Примери:
Тој ја прилепи театарската објава на ѕидот.
2. Сосема приближи до некого или до нешто.
Англиски: stick Албански: afroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го прилепи увото на вратата за да наслушне.
3. Даде некому прекар, припише некому некаква особеност, постапка.
Англиски: attach Албански: bashkangjit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не знаеше кој му го прилепи тој прекар.
Грешките во работата му ги прилепија нему.
4. залепи, удри
Англиски: slap Албански: ngjis
Примери:
Сакав да му прилепам една шлаканица, но се воздржав.
5. (се прилепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Англиски: stick Албански: bashkoi
Примери:
Калта му се прилепи на чевлите.
6. (се прилепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Англиски: stick Албански: afroj
Примери:
Животното се прилепи до него за да го почувствува пријатниот допир.
Застана и се прилепи до ѕидот.
Фустанот ѝ се прилепил за снагата.
7. (се прилепи) Се лепи, се наметне, се натури некому.
Англиски: stick Албански: ngjit
Употреба: Преносно значење
Примери:
На игранката ѝ се прилепи едно момче и не ја остави на мира.
Изведенки
1. прилепува несв.
прилепуваат
2. прилепување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи