а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прикрпи

прикрпат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со крпење поправи нешто искинато, распарано.
Англиски: patch Албански: arnoj
Примери:
Собуј го чевелот да ти го прикрпам.
Таа му ги прикрпи чорапите.
2. Поправи донекаде нешто оштетено.
Англиски: mend Албански: arnoj
Примери:
Тој ја прикрпи некако старата куќарка.
3. За пари, добивка - снабди, обезбеди малку, донекаде.
Албански: arnoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе прикрпат некое нивче, ќе подзастанат на нозе.
Прикрпи некој денар и купи фотографски апарат.
4. (се прикрпи) Се обезбеди, се снабди малку, за некое време.
Албански: arnoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Зимата најпосле се прикрпил со некој денар.
Изведенки
1. прикрпува несв.
(се) прикрпуваат
2. прикрпување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи