а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прикрие

прикријат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со покривање скрие од поглед, покрие малку, скрие нецелосно, подзатскрие.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Дење ги прикрија во некоја шума, а ноќе ќе патуваат.
Облакот го прикри сонцето.
2. Сокрие, затаи нешто.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Обвинетиот настојувал да ја прикрие измамата.
Така зборуваа да ја прикријат вистинската намера.
Не можеа сосема да го прикријат потсмевот кон него.
3. (се прикрие) Се затскрие, се покрие малку, се скрие целосно.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Се прикри со рацете и тивко заплака.
Се довлекоа до мостот и се прикрија во напуштената воденица.
4. (се прикрие) Се скрие, се затаи нешто.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Тој се преправил и се прикрил и е помалечок од зрнце.
Сето тоа не можеше наполно да се прикрие.
Изведенки
1. прикрива несв.
(се) прикриваат
2. прикривање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи