а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приказна

мн. приказни
Вид збор: Именка, женски род
1. Краток расказ за историски или измислени личности или настани што се пренесува од колено на колено.
Англиски: tale Албански: tregim
Примери:
Првин го замоли деда си да им каже приказна.
Народна приказна.
2. Краток расказ во уметничката проза.
Англиски: story Албански: tregim
Употреба: Литература
3. (само во мн.) Нешто измислено, невистинито или невозможно.
Англиски: story Албански: fabul
Примери:
Момче, ај не кажувај ми приказни!
После за нив се ширеа секакви приказни.
Тој знаеше дека зборувањата повеќе беа приказни, отколку некаков вистински глас.
4. прикажување
Англиски: fiction Албански: trillim
Примери:
Тој веќе ја беше смислил својата приказна.
Никој не ќе му поверува на една таква приказна.
Тогаш тој ја започна својата приказна.
Изрази
За приказна - како во приказна, многу убаво, прекрасно, неверојатно.
Приказна за себе - нешто посебно.
Празни приказни - бесмислен разговор.
Бапски (бабини) приказни - приказни полни со измислици.
Долга приказна - за тоа може долго да се зборува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи