а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прикаже

прикажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто (случка, настан, доживување).
Англиски: show Албански: shfaq
Примери:
Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката.
Секоја вечер му прикажуваше како му поминал денот.
2. Претстави, покаже, презентира (јавно, пред публика) нешто; даде оцена за нешто (филм, театарска претстава, нов производ).
Англиски: present Албански: paraqes
Примери:
Издавачите ги прикажаа своите нови изданија на саемот.
Филмовите ќе ги прикажеме според следниов редослед.
3. Даде оцена, објави приказ, рецензира нешто (книга, списание, уметничко дело).
Англиски: evaluate Албански: paraqes
Примери:
Списанието содржи и прикази на најновите изданија.
4. (се прикаже) Се претстави некому, открие кој е, што е.
Англиски: introduce Албански: paraqes
Примери:
Му се прикажал кој е и од каде е и излегло дека се подалечни роднини.
Изрази
Се прикажува (безл.) - многу се зборува (за некого, за нешто), се шират гласови.
Изведенки
1. прикажува несв.
(се) прикажуваат
2. прикажување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи