а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

признае

признаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Отворено изјави; соопшти дека нешто е вистинито; не одрече, не сокрие некаква постапка, чувство, вина.
Англиски: admit, concede, plead Албански: pranoj
Примери:
Партиското раководство го призна изборниот пораз.
Тој не сакаше да признае дека згрешил.
Таа призна дека го сака.
Обвинетиот ја призна вината за стореното дело.
2. Даде согласност, прифати или одбие нешто што е во согласност со некаков ред.
Англиски: accept Албански: akceptoj, pranoj
Примери:
Долговите направени на мое име не ги признавам.
Тие не ја признаа неговата власт.
Ги признавам законите.
3. Јавно прифати некого за свое дете.
Англиски: recognize Албански: pranoj, njoh
Примери:
Иако не беа во брак, тој детето го призна за свој син.
4. Јавно изрази, покаже почит кон некого, уважи, искаже благодарност некому.
Англиски: acknowledge Албански: pranoj, falënderoj
Примери:
На промоцијата тој го призна својот учител.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи