а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

придружба

(едн.) придружбата
Вид збор: Именка, женски род
1. Едно или повеќе лица што придружуваат некого или нешто.
Англиски: escort Албански: eskortë, përcjellës
Употреба: Дипломатија
Примери:
Придружба на претседателот на државата.
Литургијата ја водеше архиепископот во придружба на сите архиереи.
Полициска придружба.
2. Придружување на група, глас или соло инструмент или оркестар.
Англиски: accompaniment Албански: shoqërim
Употреба: Музика и танц
Примери:
Пее во придружба на пијано.
Солистите настапија во придружба на народниот оркестар.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи